Гумите за џвакање на „Макпромет Штип“ го освојуваат САД

Bez autora
Sep 19 2011

„Макпромет Штип“ го зголеми извозот на своите гуми за џвакање во САД од досегашните 50 тони годишно на 50 тони месечно. Македонската компанија, позната по производство на „чунга лунга“ ја почна својата стратегија за освојување на другите континенти. Драстичното зголемување на извозот во САД за нас претставува голем чекор. Сепак, станува збор за пазар од над 300 милиони потрошувачи. Тоа значи дека можностите се повеќе од големи. Ваквиот извоз резултираше откако измината година вложивме големи средства во нова опрема, модернизација на производството, во користење висококвалитетни суровини. Овој нов квалитет на старо познатиот вкус на гумите за џвакање „чунга лунга“ беше главен фактор за почнување на извозот со обезбедување пласман во најголемите трговските синџири. Зголемувањето на извозот покажува дека реакциите од потрошувачите се повеќе од позитивни, а за нас е вистински знак дека сме на вистинскиот пат.

Гумите за џвакање на „Макпромет Штип“ го освојуваат САД„Макпромет Штип“ го зголеми извозот на своите гуми за џвакање во САД од досегашните 50 тони годишно на 50 тони месечно. Македонската компанија, позната по производство на „чунга лунга“ ја почна својата стратегија за освојување на другите континенти.

„Драстичното зголемување на извозот во САД за нас претставува голем чекор. Сепак, станува збор за пазар од над 300 милиони потрошувачи. Тоа значи дека можностите се повеќе од големи. Ваквиот извоз резултираше откако измината година вложивме големи средства во нова опрема, модернизација на производството, во користење висококвалитетни суровини. Овој нов квалитет на старо познатиот вкус на гумите за џвакање „чунга лунга“ беше главен фактор за почнување на извозот со обезбедување пласман во најголемите трговските синџири. Зголемувањето на извозот покажува дека реакциите од потрошувачите се повеќе од позитивни, а за нас е вистински знак дека сме на вистинскиот пат“, изјави Данче Ѓурова, менаџер за кондиторски производи од „Макпромет Штип“.

Досега акцентот во извозот беше ставен на европскиот пазар, земјите од поранешна Југославија, како и во Израел. Со зголемувањето на извозот во САД, се овозможува зајакнување и подобро позиционирање на фабриката и на нејзините гуми за џвакање „чунга лунга“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik